Новак го „раздрма“ светот на тенисот – излезе пред новинарите на Ролан Гарос и без влакна на јазикот го изјави ова…

Новак Ѓоковиќ, откако го помина 4-то коло на Ролан Гарос, одржал многу интересна конференција за новинарите.

Тој зборувал за неколку теми, но исто така го обелоденил и својот став кој што досега не бил јавно кажан од страна на најдобриот играч на белиот спорт.

Тој прашал „која е потребата од тениските линиски судии, кога веќе постои технологија која што може да утврди дали топчето во некоја ситуација излегло надвор од теренот или пак не“.

„Имам голема почит кон традицијата и културата на овој спорт кога станува збор за луѓето кои што се на терен во текот на натпреварот, вклучувајќи ги и линиските судии, но навистина не гледам причина зошто на секој турнир во светот, во оваа технолошки напредна ера, не го има тоа што го имавме во текот на Синсинати – турнирот во Њујорк“ – започнал Новак.

Потоа следеле овие зборови на Новак:

„Технологијата е толку многу напредна, што апсолутно не постои причина зошто треба да имаме линиски судии на терен. Тоа е мое мислење. Секако дека разбирам дека технологијата е скапа, така што тоа е и економски проблем кој што има и свој знак прашалник. Но, чувствувам дека одиме натаму и дека наскоро нема да имаме потреба од линиски судии“.

Новак, не запрел на тие зборови:

„Да, децата кои што ги собираат топчињата, секако дека треба да останат, но линиските судии навистина не гледам зошто треба да бидат на терен, искрено. Можеби вие може да ми кажете дека има некоја добра причина за тоа, а да не е традицијата во овој спорт“ – изјавил тој.

Translate »