Видео-убедлива победа на Македонија над Гибралтар-ремек дело на Барди

Македонската фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и на „Филип Втори“ Арената во Скопје славеше со 4-0 (1-0), со што обезбеди место во плеј-офот во кој ќе се разигрува за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Избраниците на Ангеловски одиграа еден натпревар со премногу шанси кон противничкиот гол, но само четири пати успеаја да ја стресат мрежата. Доминацијата беше евидентна, а за тоа говори и самата статистика, затоа што Гибралтар немаше ниту еден шут во голот на Македонија. Димитриевски цела средба немаше работа, беше само гледач, па трите бода и пласманот во плеј-офот се заслужени.

Иницијативата на нашиот национален тим почна уште во 50 секунда, кога Трајковски имашпе добра шанса, но голманот Кафер одбрани. Потоа, шанси имаа и Барди и Тричковски, но пак голманот на гостите беше на висината на задачата. Тричковски и во 23. минута со глава упати удар, но од самата гол-линија расчисти дефанзивата.

Posted by Enis Bardhi on Monday, November 19, 2018

 

Шансите се нижеа како на филмска лента, Гибралтар се бранеше со осум фудбалери и чекаше на контра, а конечно, гостинот го скрши Енис Барди, кој во 27. минута си создаде простор од левата страна и ефектно биеше во мрежата на противникот. До паузата исто така се имаше шанси за гол, но не се погоди вторпат.

На стартот на второто полувреме Ангеловски ја освежи играта со Ферхан Хасани, па шансите пред противничкиот гол продолжија. Трајковски од идеална прилика промаши со глава, па Несторовски ја погоди стативата, но фудбалерот на Палермо потоа успеа да погоди, откако во 67. минута доби топка од Ристевски и со глава го надмудри голманот на Гибралтар.

Прилепчанецот успеа вторпат да се запише во листата на стрелците, во 80. минута, откако доби топка од Алиоски и ефектно погоди од далечина. Во финишот шанса од Ангеловски да настапат добија и Адеми и Велковски.

Шанси за гол имаше напаѓачот на Сарајево, но не успеа да погоди. Пред самиот крај, во мрежата на Гибралтар погоди и Александар Трајковски, за конечни 4-0.

Македонија ја завршува Лигата на нациите како лидер во групата, со вкупно 15 бода на шест меча. Важи за втора најдобра селекција од лидерите и ќе има предност во полуфиналето како домаќин. Противник ќе биде Белорусија или Косово, по одигрувањето на последните мечеви во вторник.

prezemeno od gol.mk

Translate »