Рекордна премија од УЕФА за мак-фудбалот, репрезентативците ќе поделат 350.000 евра

Со пласманот на завршниот турнир на Лигата на нации, македонската куќа на фудбалот ќе заработи рекордно висока премија од УЕФА.

Со оваа победа и осигурувањето на првото место во групата, Македонија вкупно заработи 2,6 милиони евра, најголема премија во историјата на меѓународните натпреварувања за нашата федерација.

Фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат 350.000 евра премии за обезбеденото прво место и пласман во плеј-офот.

Оваа сума ќе биде зголемена со оглед на тоа што нашата селекција максимално ќе одигра уште два натпревари.

Translate »