Георги Прванов: За три години со Македонците станавме најнепријателските народи на Балканот
Георги Прванов, историчар и поранешен претседател на Бугарија од 2002 до 2012, во своето денешно интервју за 24 Часа вели дека концептот „заедничка историја“ од договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија три години нема мрднато од мртва точка.
– Во мојата книга има големо поглавје за македонското прашање и мојот заклучок е дека во 2019 година, кога уште еднаш сесретнаа Борисов и Заев, е дека беше задушено илинденско-преображенското востание по втор пат, и побрутално. Во фигуративна смисла, се разбира.
Како што можете да видите, ништо реално не се случи по договорот. И требаше да има работа и резултати во две насоки. Прво, дефиниција за поимот „заедничка историја“. За мене, тоа значи запишување кратко и јасно дека населението на денешна Северна Македонија, на Вардарска Македонија со векови до првите децении на дваесеттиот век постоел бугарски национален идентитет. А. револуционерната организација во овој период имала бугарски национални цели и задачи. За периодот потоа не се расправаме, го признаваме правото на различност на нашите браќа од Скопје.
Но, таа работа оди рака под рака со нешто друго кажано од Борисов и Заев уште во 2017 година и премногу брзо беше заборавено: Дека сме најблиски народи на Балканот. Но како резултат на настаните во последните 3 години сега сме најнепријателските народи на Балканот. Тука е веќе невидена катастрофа за македонското прашање.
– Како може да се промени ова?
– Врз основа на билатерални разговори. Нашите дипломати погрешно мислеа дека тоа ќе се случи со убедување на нашите европски партнери да ја прифатат нашата позиција. Јас ќе дадам пример – во ABC објавивме добра книга за Илинденското востание и дипломатите од тие години. Сите дипломати таму тврдат дека населениетое бугарско, а истовремено и сите нивни надредени – премиери, министри, императори, тврдат дека не бива да се дозволи слобода на Бугарите од Македонија.
Зошто? Затоа што тогаш Бугарија ќе станеше многу голема и силна земја и ќе се меша со нивните интереси. И сега е погрешно да се мисли дека ќе ги убедиме. Не, за жал. Потрошивме многу време. За жал, гледам како од Американците, преку Германците и другите европските земји ја бранат македонската позиција.
Треба да се преговара за прашањето со Скопје со посилна позиција. Но, со 3 реченици, не со таа „Рамкова позиција “, што беше усвоена од владата и парламентот, во која се напишани десетици страници тврдења што никој од нашите партнери нема да ги прочита, а камоли да ги разбере и да даде поддршка.
Ако има разбирање за тоа што е заедничка историја, ќе се разбереме и за учебниците и спомениците. Но, нема да постигнеме сè одеднаш.