Тепачка на малолетници, еден заврши со убод од нож

Малолетници завршија во ургентен центар. Tепачката се случила синоќа во Скопје на улицата „Босна и Херцеговина“ нападнати биле Б.Т.(16) и Т.Д.(16) од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години.

Според информациите, Т.Д и неговите другари биле истепани од поголема група на лица при што тој ја изгубил свеста.  Пренесен е во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарка нега. Според извештајот, во пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож. Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар имал расправија со напаѓачите во дворот на Училиштето „Зефљуш Марку“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Translate »