Календар со голи спoртисти, балерини и јавачи на коњи

Прекрасни фотографии снимил фотограф од Лондон кој бил поранешен биатлонист. Станува збор за  Доминика Куда кој добил идеја да направи фото-сесија. За таа цел собрал крос фит шампиони, балерини, јавачи на коњи и други спортисти за да ја фотографира нивната неверојатна градба за календар со хуманитарни цели.

Проектот е фотографиран на локации околу Варшава во Полска, а сликите ќе се искористат за дневник од 300 страни и личен планер за 2018-та, вклучувајќи распоред за дневен тренинг и табели за запишување на цели, достигнувања и резултати.

Продажбата на календарите ќе придонесе за собирање средства за One Year Fund, кој ги поддржува младите атлетичари кои немаат финансии и им обезбедува целосна спортска опрема и облека.

„Го достигнуваме најдоброто, помагајќи им да останат на избраниот пат и ги мотивираме во остварување на нивните цели“.

Оние кои ќе го купат ќе добијат календар со згодни и секси спортисти, плус ќе бидат дел од хуманитарни цели.

 

Translate »