ФИЛТЕР ЛАБЕЛ ЈА ОБЈАВИ МУЗИКАТА ОД ФИЛМОТ „БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ“
Филтер Лабел продолжува со објавување на изданија од серијалот филмска и
театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни
современи композитори, Кирил Џајковски. Од денеска, на сите дигитални сервиси е
достапен албумот со оригиналната музика за филмот „Балканот не е мртов“ на
Александар Поповски.
Креативното партнерство на режисерот Поповски и композиторот Џајковски е
долго и особено успешно. Кирил Џајковски беше редовен соработник на најзначајните
театарски проекти на режисерот кои беа поставени на сцените низ Европа изминативе
две децении. Токму затоа, уште од самиот почеток на развојот на филмот „Балканот
не е мртов“, немаше дилеми околу изборот на композитор кој комплетно ќе ја разбере
необичната, речиси камерна естетика на проектот. Џајковски овој концепт воопшто не
го доживеал ограничувачки, туку го претпоставил како основа за надградување на
визуелното со впечатливо сонично опкружување, во кое користи богата оркестарска
палета, зачинета со ориентални влијанија.
Албумот со музиката од филмот „Балканот не е мртов“ од денеска може да се
слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до
изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната
адреса https://filterlabel.streamlink.to/balkan