Во Пиколини сме посветени на здравиот развој на дечињата!- Марина Сивакова Тасков
Првите 5 години од животот се најважни за идниот развој на децата. Поради тоа не е сеедно каде тие ќе одат во градинка. Каква ќе биде средината, дали ќе можат брзо да ја засакаат и да се вклопат, каква образовна основа ќе стекнат и кои вредности ќе ги научат. Тоа и беше повод за нашата редакција да стапи во контакт со Марина Сивакова Тасков од интернационалната градинка Пиколини и да поразговараме на неколку теми поврзани со здравиот развој на децата.
Кои се клучните предности на Пиколини интернационалната градинка?
– Пиколини не е само детска градинка, Пиколини е создадена како детски свет во кои сите потреби за безбедност, здравје, грижа и образование на дечињата ги следат највисоките стандарди. Нашата инфраструктура е уникатна, таа е наменски создадена да одговара на потребите за структурни активности во работа со дечињата, обезбедувајќи притоа одлични услови за слободна игра.
На пример, нашите спортски терени и игралишта се наменски направени од лиена гума – тартан што значително ја намалува можноста за повреди кај дечињата. Тоа ги ослободува од стравот од повреди, засилувајќи ја кај нив желбата за докажување на своите можности.
Пиколини располага со објект од 700 м2 и 3.300 м2 дворно место за игра и забава вклучувајќи разнобојни и безбедни нишалки и реквизити. Нашата образовна програма е создадена од врвни стручни лица, педагози и психолози, предводени од Проф. Бисерка Реџиќ Мухиќ, каде според возраста на детето се поттикнува креативноста и учењето преку игра. Во текот на целата година се реализираат проекти што им помагаат на децата да ги користат своите развивачки моќи на интуиција, размислување, фантазија и умешност, со цел да креираат уникатни форми на изразување и комуницирање.
Работното време на Пиколини е од 7 -19 часот затоа што ние разбираме дека поддршката кон родителите е еднакво важна колку поддршката на потребите на децата. Нашето мото е “Растеме здраво и среќно”. Практикуваме и редовна педијатриска контрола како основна превентивна метода која создава навика и чувство на одговорност кај децата за сопственото здравје. Во Пиколини, дечињата преку игра и забава ја надминуваат стресната состојба и отпорот кон лекарски преглед, а за тоа се грижи нашата мила докторка Радмила Стојановиќ.
Пиколини од оваа година започна соработка со центарот за пијано ,,Пијано Арт,“ кој за сите заинтересирани дечиња дава часови по пијано. На крајот на годината приредуваме настани и концерти во кои уживаат дечињата и родителите подеднакво, а постигнатиот успех на секое дете е бесценет. Ние секако организираме настани и во текот на целата година и тоа затворени и отворени настани како на пример: новогодишни настани, фамилијарни базари, завршни претстави, настани со познати личности, музички летен камп.
На овој начин детето добива едно поинакво воспитување и едукација која може да го следи до крајот на својот живот.
Кажете ни нешто повеќе за начинот на едукација во Пиколини?
– Секојдневно, тимот во градинката ја користи образовната моќ на играта за растење на детето, сето тоа придружено со забава, нега и грижа. Грижливите и посветени воспитувачки и негувателки максимално се посветени да ја поттикнат имагинацијата кај децата.
Наставната програма вклучува учење преку песни, пеење и играње, интеракција меѓу самите деца, едукација дури и преку самото јадење! Децата откриваат, испитуваат, размислуваат, а креативноста на детето е клучниот елемент во сите активности.
Образованието и развојот се важни, но тимот на Пиколини знае дека најважно од сè за детето се сигурноста, безбедноста и здравјето. Затоа, тимот е подготвен на секој начин да одговори на предизвиците и да обезбеди сигурна околина за децата.
Нашата градинка нуди една поинаква нега и едукација што е специјално заснована врз основите на програмата за воспитно – образовна работа со деца од предучилишна возраст, стандардите за рано учење и развој кај децата до шест години и програмата на Универзитетот ,,Кембриџ,, за основен англиски (Cambridge Primary English Curriculum Framework) во релација со националната наставна програма за Англија (National Curriculum for England).
Во програмската единица „Малите уметници ,” децата се забавуваат со сите видови средства кои им се достапни. Тие сами сликаат и прават скулптури од себеси и од своите другарчиња, измислуваат игри, се забавуваат, победуваат и слично. Имаат можност да направат и креативни изработки од дрво, копчиња, ткаенина, монистра и сл. Потоа ги покажуваат нивните изработки и се восхитуваат на добро завршената работа!
Децата се нашето најголемо богатство. Ниеден влог во нивниот здрав развој и едукација не е залуден. Што би им препорачале на родителите?
– Започнување во градинка е голем чекор како за детето/цата, така и за родителите. Тоа е едно прекрасно и возбудливо чувство, но во исто време значи голема промена за сите! Ние сме тука да помогнеме на целото семејство, заеднички да создадеме силна основа за еден убав почеток.
Секој родител го посакува најдоброто за своето дете. Но изборот на градинка не е избор на мозокот и срцето, туку се базира на потребите и барањата на родителите. Вистината е дека градинката треба да биде избор согласно потребите на детето. На пример, родителите имаат потреба децата да бидат безбедни и да не паднат додека трчаат или одат, но тоа неможе да биде потреба на детето, не посебно за дете кое проодува. Развивањето на моторните способности кај децата е секогаш проследено со постојано повторување на процесот падни – стани. Така децата стекнуваат самодоверба во своите способности и имаат сигурност да чекорат здраво. Затоа ние не можеме да сугерираме што е најдоброто во секој индивидуален случај, но ги покануваме заинтересираните родители и дечиња, да дојдат и да го запознаат светот на малите херои! Да ги запознаат вредностите и концептот на Пиколини, а ние со задоволство ќе го споделиме нашиот свет и нашите искуства.
И за крај: Градинка, баба или дадилка? – што е вистинскиот избор?
Секојдневно многу родители се исправени токму пред оваа дилема. Породилното отсуство поминува, кому да се довери грижата за најмилите? Во државните градинки многу често нема место, групите се преполни, па не сте сигурни дали детето ќе го добие потребното внимание и грижа? Тоа е една дилема!.
Дадилка е во игра, но која, како да ја најдете вистинската, дали таа ќе може да одговори на едукативните и воспитни потреби на детето кои не смеат да се запостават?
Бабата пак, колку и да е најпосакуван и најбезбеден избор, си има свои „негативности“ од аспект на разгалување на детето и дозволување буквално на сè.
Градинката има важна улога во психо – социјалниот, емоционалниот и психо – моторниот развој на детето, што ќе му обезбеди подобар старт во училишната средина. Во градинката децата го збогатуваат фондот на општи знаења, учат да функционираат во група, учат како да бидат самостојни (облекување, јадење, спремање на играчките), ги препознаваат буквите, бројките…
Секако и финансискиот момент е една дилема за која сите родители размислуваат кога станува збор за запишување на детето во градинка.
Во прилог ви прикажуваме колку всушност би ве чинело месечно или дневно доколку се одлучите вашето дете да го запишете во приватна градинка: