Бил Гејтс се изјасни за вакцинацијата и го прогнозираше крајот на пандемијата: „Ќе се извлечеме од ова!“

Бил Гејтс, кооановачот на „Microsoft“, милијардер и социјално ангажиран бизнисмен, изјавил дека е оптимист дека светот ќе сфати дека теориите се само теории и дека вирусот ќе го победиме до крајот на наредната година, пренесува „Blumberg“.

На прашањето, дали делотворната вакцина ќе биде дистрибуирана во светот до крајот на 2020-та година, Гејтс изјавил дека иницијалната вакцина нема да биде идеална во смисла на делотворноста против болеста и нејзиното пренесување.

„Можеби нема да потрае долго и воглавно ќе биде користена во богатите земји како мерка за запирање на заразата. Ќе бидеме среќни доколку имаме вакцина пред крајот на оваа година. Но, во текот на 2021-та година, веројатно многубројни вакцини ќе бидат одобрени“ – вели Гејтс.

На прашањето дали вакцината против Ковид-19 треба да биде задолжителна, изјавил дека „кога нешто ќе стане задолжително, често се случува повратна реакција“.

Според неговото мислење, можеби би можела да биде задолжителна кај лицата кои што работат во домови за стари лица или пак кои што се во контакт со стари лица.

Гејтс се чудел за теориите на заговор дека се истражува вакцината за да се контролираат човечките мозоци со помош на 5G технологијата:

„Тие го земаат фактот дека јас сум вклучен во развојот на вакцината, а потоа ја превртуваат вистината, па наместо да давам пари за да спасам животи, тие велат дека јас заработувам од одземањето животи“.

Како Гејтс мисли дека ова ќе заврши?

Според неговите зборови, иновациите во терапијата ќе почнат да ја намалуваат стапката на смртност, но вистинскиот крај ќе дојде со ширењето на природните инфекции и вакцината која што ќе ни обезбеди имунитет.

„Во богатите земји тоа ќе дојде во текот на наредната година, а во идеален случај во првата половина на наредната година.

До крајот на 2021-та година, ќе се извлечеме од ова“ – изјавил Гејтс.

Translate »