Финансиско цунами беснее во светот: Инвеститорите во паника, засега 20 милијарди долари повлечени од пазарот! Еве која е причината

Глобалните пазари на акции минатата недела се соочиле со одлив од 20,5 милијарди долари, бидејќи “траумите околу трговскиот договор” меѓу САД и Кина пренасочиле повеќе пари кон обврзници, соопштиле денес од “Bank of America”.

Тоа, оценува “Reuters”, е најнов показател дека растечките тензии во глобалната трговија предизвикуваат проблеми на финансиските пазари. 

Одливот на средства од берзата, во неделата заклучно 8-ми мај, е третиот најголем одлив во досегашниот тек на годината, и е последица на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп со дополнителни царани на кинеска роба, што само го продолжило трговскиот спор меѓу двете најголеми светски економии.

Од американските пазари на акции во тој период се одлиле 14 милијарди долари, најмногу од 30-ти јануари, велат стратезите од таа банка.

Инвеститорите кои настојуваат да се заштитат од влијанието на трговскиот спор, продолжиле да пумпаат пари во обврзници, кои минатите седмици имале прилив од 7,3 милијарди долари, што е 18-та недела по ред со прилив, наведува британската агенција.

Translate »