Заборавете на биткоинот, иднината лежи во етереумот
Заборавете на биткоинот, eтереум – втора по големина крипто валута на пазарот – неодамна забележа раст на пазарот и постави нов рекорд.
Имено, етереумот достигна вредност од 1.439,33 долари, што го сруши рекордот поставен пред три години за нешто помалку од осум долари. Иако заостанува зад биткоинот кога станува збор за вредноста, тој го надмина својот со зголемувајќи го за 92%, додека биткоинот годинава имаше раст од само 27%.
Според Дејвид Гридер, стратег на FGA, оваа криптовалута може да достигне рекордна вредност од 10.500 долари. Причината за ова е што етереум постигна напредок во создавањето мрежа што дозволува слични трансакции како Mastercard или Visa.
„Етереумот е најдобар сооднос на ризик / награда во криптовалутите“, напиша тој во својот блог, додавајќи дека блокчејн компјутерите можат да бидат иднината на клауд- услугите.
Децентрализираните финансии (DeFi) во моментов се сметаат за најдобра употреба на крипто-валути на етереум. Таквите пазари овозможуваат автоматско испраќање, менување и позајмување без дозвола, на секој што поседува интернет-врска. Тој пазар надмина 22 милијарди долари во вкупна заклучена вредност (ТВЛ), единица слична на средствата под управување.