Филипче: Нема мутација на коронавирусот во земјава
„Според анализите на лабораторијата на МАНУ, нема мутација на коронавирусот во земјава, како тој во Велика Британија. Овој вирус што е тука е присутен уште од пред неколку месеци“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој ѝ се заблагодари на српската премиерка Ана Брнабиќ за понудената помош дел од нашите лекари да се вакцинираат во Србија и додаде дека нашите здравствени работници сепак ќе се вакцинираат тука.
„Сите вакцини ги евалуираме. Сепак, даваме предност на европската мрежа на лаборатории и нивните вакцини. Сметам дека сосема добро ќе ја спроведеме вакцинацијата“, изјави Филипче.