Симовски: Пет години затвор за оној кој нема да учествува во пописот
Во синоќешното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на Телма, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, истакна дека оној кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е предвидена казна од 5 години затвор, пренесува „Денешен“.
– Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон, ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава. Ние не сме казнена институција, меѓутоа ќе поднесеме до Обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство – нагласи Симовски, пренесе Денешен.
– Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава – рече Симовски.