На рамковните административци им е даден рок од 7 дена да се појават на работа
Ќе почнат ли конечно со работа рамковните службеници? Долго време ова праање не беше решено, а многу лица земаа плата седејќи дома.
Денеска, министер за политички систем, Артан Груби, соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.
Како што објасни Груби, на административните службеници, кои во рок од 7 дена нема да дојдат да си ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер-листа.
-Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција, посочи Груби.
Инаку, предвидено е повеќето од овие лица да бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.