Покојната баба ја пронашла преку „Google Earth“: Нејзиното емотивно видео ги инспирирало луѓето…

Ова ТикТок видео е прегледано над 300.000 пати, а причината е јасна…

Корисничка на социјалната мрежа ТикТок, чија баба починала во 2019 година, одлучила да ја посети нејзината куќа по пат на апликацијата „Google Earth“.

Не очекувала дека на снимките ќе ја забележи старицата како ужива во дворот на семејниот дом.

Таа одлучила снимката и своето емотивно доживување да го сподели со своите следбеници, пренесува „Daily Star“.

Над 100 илјади прегледи

„Баба ми почина во 2019 година, но пред тоа Google ја снимил како седи во својот двор и ужива на сонцето“, напишала корисничката.

Нејзината снимка е прегледана над 300.000 пати, а бројните коментари во кои што добива поддршка покажуваат колку ова девојче ги допрело луѓето.

Набрзо почнале да се пријавуваат и други кориснички на таа социјална мрежа кои што сакале да ги споделат своите слични искуства.

Потресни приказни

„Ковид 19 го ‘зеде’ мојот дедо претходната седмица. Ти благодарам за оваа идеја. Толку сум среќна што го пронајдов. Снимен е додека ја коси тревата пред домот“, стои во една од пораките.

„Мојот дедо почина пред две години. Сега ги гледав мапите и го видов на прагот пред неговиот дом“, навел друг корисник.

Посебно се истакнува еден емотивен статус за дете кое што починало во 2015 година:

„Го изгубивме кога имаше само 5 години. Го гледам на „Google Earth“ пред домот на мојата мајка“, напишано е во коментарот.

Translate »