Трошат струја дури и кога се исклучени, трикови да заштедите
Постојат апарати кои и кога ќе ги исклучите, сепак трошат електрична енергија. Научниците детектирале кои се тие уреди што најскапо ве чинат, и покрај тоа што сте го стиснале копчето за исклучување.
Полнач без мобилен телефон – 1,2 вати дневно
Компјутер и лаптоп – 96 вати дневно
По навика , овие уреди не ги исклучуваме од струја. Тие преку ноќ, продолжуваат да работат приклучени на струја, иако никој не ги користи. Исклучете ги од штекер и можете да заштедите 5.515 денари годишно.
Телевизор – 24 вати дневно
Ако го притиснете копчето на телевизорот, ќе го ставите во стенд бај, но нема да го исклучите.
На тој начин ќе потрошите струја во вредност од 1.380 денари на годишно ниво.
Уреди со тајмер –108 вати дневно
Дали ќе ги исклучувате уредите од штекер зависи само од вас , но да ве предупредиме дека секој непредвиден проток на струја ќе ве остави со помалку пари во семејниот буџет и со куќа полна со изгорени уреди.