За кои професии има најмногу слободни работни места во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година стапката на слободни работни места изнесувала 1,33%, односно имало 6.534 работни места.
Највисока стапка на слободни работни места се забележува во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најниска стапка на слободни работни места се забележува во јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.
Кога станува збор за региони, Пелагонискиот има највисока стапка на слободни работни места – 2,35%, додека најголем број слободни работни места има групата работници во услужни дејности и продажба – 2.432.
Занимања со најголем број слободни работни места:
Работници во услужни дејности и продажба – 2.432
Ракувачи и составувачи на машини и постројки – 975
Техничари и сродни занимања – 906
Елементарни занимања – 745
Занимања за неиндустриски начин на работа во производството – 563
Службеници – 419
Стручњаци и научници – 403