Македонците во Австралија протестираа против промена на името на Република Македонија

Десетици илјади Македонци протестираа денеска во Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеj во одбрана на името и македонскиот национален идентитет.

Демонстрантите излегоа на улиците со црвена и жолта боја што го претставува македонското знаме, известуваат австралиските медиуми.

Организаторите тврдат дека на протестите низ Австралија  се појавиле над 70.000 Македонци. Според последниот попис, таму живеат околу 100.000 Австралијци со македонско потекло.

Македонците од Австралија бараат веднаш да прекинат „апсурдните преговори за името на Македонија. Македонската Влада мора да постави формално и директно барање до ОН да ја признаат Македонија под нејзиното конститутивно име. 137 земји на ОН ја признаа нашата земја како Република Македонија. Правна и морална е обврската на ОН да дозволат Македонија да се движи напред без мешање и бојкотирање од Грција.

 

  Македонските здруженија од оваа земја за Зоран Заев, Радмила Шекеринска и за Никола Димитров рекоа дека се непожелни личности меѓу Македонците во Австралија.

Translate »