Памела Андерсон јавно проговори за нејзиниот однос со Путин

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ и најпознатата зајачица на „Плејбој“, Памела Андерсон во емисијата „Животни приказни“ на водителот Пирс Морган зборуваше за нејзиниот однос со рускиот преседател Владимир Путин.

Андерсон (50) зборуваше за средбата и за односот со Путин. Таа наведе дека рускиот претседател сакал актерката да биде гостинка на неговата инаугурација и да му даде цвеќе.

 

– Не се согласив. Очигледно е дека не сме се нашле на исто место во исто време, посочи Андерсон.

На инсистирање на водителот Андерсон истакна дека има одличен однос со Русија.

Првиот контакт на актерката со Путин беше пред девет години, кога јавно го повика да го запре ловот на китови.

Актерката зборуваше и за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Тој е затвореник, тешко е на тој начин да се оствари врска со некого. Го обожувам, мислам дека е сјаен и сакам да поминувам време со него, наведе Андерсон.

Путин исфрлен од листата на “Тајм” на 100 највлијателни луѓе на светот за 2018-та година

Translate »