Видео: По 30 години Црногорка депортирана од САД, мораше да се раздели од децата

По 30 години живеење во САД, Захрија Пуровиќ (50) мораше да се збогува со своите три деца. Седна во авион и летна во Црна Гора. Така заврши сагата и борбата на една Црногорка која три децении работела и уредно плаќала даноци во Стерлинг Хајтс во Мичиген. Американците конечно ја депортираа, и тоа за мала лага на суд.

Пуровиќ легално влегла во САД пред 31година. Нејзините проблеми започна во 2001 година, кога таа мораше да го регулира својот статус во земјата каде што развива бизнис со хемиско чистење и израсна три деца. Имиграционите власти забележале недоследност во изјавите на нејзиниот сопруг. Имено, мажот рекол дека се оженил со Захрија во Црна Гора, додека Захрија пак раскажала дека се состанале во Америка. Судските и имиграциските власти без милост им рекоа дека лажат и мамат и дека ќе бидат депортирани.

Таа ангажирала и адвокат кој пишувал жалби и претставки и нејзината борба за да останат во САД траеше повеќе од 15 години. На крајот таа загуби. Службата за имиграција тропна на нејзината вратата, и рече да се спакува и во придружба таа замина на аеродромот во Детроит разделувајќи се од своите деца.

Translate »