Златан Ибрахимовиќ го има голот на сезоната

Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ оваа сезона во дресот на Лос Анџелес Галакси во американската МЛС-лига постигна 22 погодоци, а еден ќе остане запаметен засекогаш.

Имено, популарниоt Ибракадабра на своето деби во најсилната фудбалска лига во САД постигна извонреден погодок, кој на крајот беше и прогласен за најубав во тековната сезона.

Погледнете го голот на Ибрахимовиќ, кој без сомнение, освен во МЛС е еден од најубавите голови и во светот годинава:

Embedded video

Тимот на ЛА Галакси не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот, па се погласни се шпекулациите дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја продолжи својата кариера во тимот на Милан, иако во игра за неговиот ангажман се споменува и името на Реал Мадрид.

Барди со најдобра реализација на слободните удари во цела Европа

Translate »