Во СДСМ изборот на кандидат за претседател се стеснува на две личности!

Резултатите од внатрепартиската анкета која СДСМ ја спроведува меѓу граѓаните за да оцени кој од кај нив има најголем рејтинг за да биде кандидат за претседател на Македонија покажале дека на прво место е Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, дознава ТВ21.

Кандидатот од претходните избори од пред пет години се чини дека повторно е најприфатлив кандидат за шеф на државата за гласачите. Ова го покажува анкетата на СДСМ направена во јавноста, а за ТВ21 го потврдуваат партиски извори. Но, иако во јавноста најголема поддршка има Пендаровски, внатре во партијата состојбата е поинаква. Како што извори за телевизијата, во СДСМ најголема поддршка од раководството има Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. На крајот финалето на изборот се сведува на еден од овие двајца. 

“Вакви и слични информации се во сферата на шпекулациите. Во СДСМ започна постапката. Кандидатот што ќе биде победник на изборите ќе се бира на Конгрес на 3-ти март” велат декларативно од СДСМ.

Translate »