ВИДЕО: Еколошка катастрофа на повидок во Србија, под закана 100.000 жители
Во Србија на повидок е еколошка катастрофа. Огромни колични на отпад од реките Расина и Блаташница се влеваат во езерото Ќелије, пренесува порталот нова.рс. Отпадот воглавно потекнува од локалните жители кои ѓубрето го фрлаат во реките и крај брегот.
Жителите на Расинскиот округ за случајот ги обвинуваат надлежните комунални служби и тврдат дека речните текови им се единствено место за депонирање на отпадот. Целиот Округ кој брои повеќе од 100.000 жители се снабдува со вода од езерото Ќелије.
Членови на Фејсбук групата „Настани во Крушевац“ споделија видео материјал на социјалните мрежи, а рибочуварите и локалното претпријатие „Водовод Крушевац“ поставија заштитна сајла на езерото со цел да се спречи големи количини на отпад да стигнат до водоводниот систем и да настане проблем со водата за пиење.

