Нов обид за смена на Мицкоски – иницијативниот одбор свика конгрес на 28 март

Нови внатрепартиски превирање во ВМРО ДПМНЕ. Со потписите од околу триста делегати од последниот конгрес, иницијативниот одбор ќе организира вонреден конгрес за смена на раководството на ВМРО ДПМНЕ. Иницијаторите велат имаат доволно поддршка за да ја почнат организацијата на конгресот.

Стамов вели во моментов не може да се каже какви одлуки ќе произлезат од конгресот и дали веќе се познати имињата на кандидатите со амбиција да ја преземат фотелјата на Мицкоски. Од партијата велат оваа иницијатива ниту е статутарна ниту правна. Ја ценат како политичка иницијатива која што за цел има да и’ помогне на власта да ја дефокусира јавноста од актуелните здравствени и економски состојби.

Од партијата дополнуваат дека согласно новиот статут за секој конгрес се предвидува избор на нови делегати и сметаат дека доколку бидат донесени било какви одлуки на конгресот најавен за 28-ми март истите би биле нелегални. Иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО ДПМНЕ започна по изборите во јули лани откако поранешни, но и актуелни партиски функционери побараа смена на Мицкоски и избор на ново раководство.

Мицкоски, на крајот од септември, барањето за вонреден конгрес го предложи до Централниот комитет, но како тогаш информираат од партијата, предлогот бил одбиен.

Translate »