Венера е во Стрелецот-Еве што значи тоа за оние кои бараат партнер
Астрологот Ивелина Рускова – Од 1 декември планетата Венера поминува во знакот Стрелецот
Без разлика колку години имате, сите ќе го почувствувате авантуристичкиот дух и големата желба за авантура. Ова е прекрасно време за сите вас кои бараат љубов. Не очекува романтично време во сферата на љубовта. Знакот Стрелец сака авантури, тој се бори против сите ограничувања, и затоа сега е време за нови познанства со нова личности, за нови патувања. Но, ова нема да го осетиме само во љубовта туку и во сè што е убаво во нашиот живот. Ова е многу поволно време, ако одлучите да започнете со менување на вашата фризура или вашиот стил на облекување. Ако си сама и немаш партнер , ова е време кога можеш да се сретнеш со својата љубов . Истото важи за припадниците на посилниот пол. Но, овие познанства ќе немаат сериозни одговорности, во нив многу брзо ќе згасне ентузијазмот, лесни и брзи ќе бидат љубовните односи, но се ќе биде интересно, незаборавно и полно со страст. Тие што сакаат сериозна врска во овој период , ќе бидат ставени пред комплицирана ситуација бидејќи Венера во Стрелец дава нестабилност на врските и бара слобода. Затоа бидете внимателни, особено ако донесувате одлуки за брак. Многу лесно може да го изгубите ентузијазмот и да сфатите дека сте се збуниле и дека изборот не е добар.