Се нуди работа за батлер, се разбира треба да биде на “ниво”!
На фејсбук има секакви бизарни огласи и понуди. Така, во една фб група , маж од Нови Сад пуштил оглас за вработување на “куќен помошник” или како што објаснил батлер. Напишал и кои би биле задачите на вработениот. Меѓу другото тој бара од батлерот да има свој автомобил за да може да го вози својот ” господар” , a платата која ја понудил е од 30 000 до 40 000 динари.
Еден од заинтересираните за работното место, во одговорот вели дека е батлер со препорака, дека носи служена облека (ливреја) само во креација на Лагефелд, ХТЗ опрема набавува во Милано,а прашината ја чисти само со пердуви на ему. Еве дел од одговорот…
Не може секој да има батлер, за тоа треба ниво, нели?!