Снимка од дрска кражба на велосипед од 3 000 евра пред “Синдикат”

Пред кафулето “Синдикат” во Дебар Маало  е украден велосипед од марката “Трек” во вредност од 3000 евра. Кражбата се случила на очиглед на гостите и сопственикот, кој седел пред кафулето.  Во рок од само неколку секунди, крадецот со качулка на глава го јавнал точекот и избегал по улицата ” Орце Николов”. Погледнете го видеото од надзорната камера и ќе ве шокира дрскоста на мангупот, кој очигледно е изверзиран во овој бизнис.  Сопственикот апелира до сите оние кои ќе го видат или слушнат за продажба на ваков точак да го контактираат Радар.мк .

 

Translate »