Половина Скопје денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Есперанто, како и дел од ул. Мраморец (општина Карпош).

во периодот од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Љубин, Водовод и с. Кондово. (општина Сарај).

во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 4, 6 и 7 (општина Студеничани).

во периодот од 8:30 до 11:00 часот корисниците од Караула Чашка, Геолошки Силекс, с. Грачани, с. Кондово, викенд-нас. Веле Поле и Кучково (општина Ѓорче Петров и Сарај).

Без вода корисниците на улицата Ѓуро Ѓуновиќ

Од ЈП „Водовод“ информираат дека поради промена на затворач (огрлица) од Ф 200 мм на улицата Ѓуро Ѓуновиќ бб во населбата Маџир Маало прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Ѓуро Ѓоновиќ од 8:30 часот до завршување на дефектот (општина Центар).

Translate »