Кик бокс: Македонецот Стефановски стана светски шампион (ВИДЕО)

loading...

Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.

ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.

Даниел Стефановски живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде што е и роден, а неговите родители по потекло се од Куманово.

Погледнете го настапот на видеото.

Даниел живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде и што е роден.

„Моите родители по потекло се од Куманово“, изјави Даниел за IPON.mk.

Првите чекори во боречките спортови ги прави на 13 години.

„Почнав да тренирам мај тај и кик бокс. Со Европската титула ја освоив во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми. Исто така, два пати по ред сум шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година“, раскажува Стефановски за почетоците и успесите во неговата кариера.

„Мојата мисла и понатаму да продолжам со напорните тренинзи, со цел, еден ден да го исполнам сонот за кој што живее секој борец – да останам светски првак и да учествувам во најдобрите организации во светот“, категоричен е Стефановски

Како што истакна Даниел, тој е првак на Швајцарија во категоријата до 75 кг за 2013 година во тајландски бокс и европски првак во 2014 во верзијата ВПМЦ. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ со Србинот Душан Којиќ во Винтертур во Швајцарија.

Translate »