Пендаровски: Силјановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани

Мојот противкандидат Гордана Силјановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, рече Пендаровски на централниот митинг на СДСМ и коалицијата, бидејќи како што посочи таа единствено сакала да го наследи Ѓорге Иванов.

Пендаровски рече дека на Македонија не и треба наследник на Иванов, ниту пак уште еден кочничар кој јавно се заканува дека ќе ја повлече државата назад.

-Со помош на сите вас ја извадивме државата од темното минато, институциите профункционираа , се смиривме со соседите и дадовме пример и за регионот и за светот.

Преземаме сериозни чекори младите да останат тука, да работат, да се школуваат и да градат кариери но и да основаат семејства. Како иден претседател немам намера да ги следам негативните искуства од минатото туку само позитивните политики кои ги носи оваа и секоја идна влада. Јас сум подготвен да бидам претседател во секоја смисла на зборот- рече Пендаровски.

Тој потенцираше дека ги поддржува одлуките на Владата и Собранието и рече дека очекува голема победа на изборите и во двата круга.

Translate »