Фотографка со прекумерна тежина слика како луѓето реагираат кога ќе ја видат
Хејли Морис Кафиеро е фотографка која одлучи да направи интересен експеримент. Таа сними фотографии од себе меѓу толпа народ, места каде таа се чувствувала непријатно, па така таа наиде на нов проект со кој заработи светска слава. “Wait Warchers” е експеримент во облик на серијал фотографии кои документираат како случајните минувачи ги здогледуваат луѓето со прекумерна тежна.
Во 2010 година, откако се фотографирала на скалите на Тајмс Сквер, фотографката забележала како маж кој стоел зад неа ја гледал додека позира. Тој подолго време ја гледал Хејли со презир, што било повеќе од очигледно дека тој има предрасуди кон неа.
” Сум слушнала како луѓето коментираат за мојата тежина, но никогаш не мислев дека ќе го документирам тоа на фотографија”, вели Хејли.
Девојката започнала да позира на јавни места како јаде сладолед или едноставно прави некоја поза за да се фотографира, но никогаш не претерувала со облеката, бидејќи не сакала да привлекува екстра внимание или на некој начин да ги испровоцира другите луѓе кои постојано ги снимала во кадар.
Откако ги објавила фотографиите, Морис добила голема поддршка и коментари со кои ја охрабруваат да започне да вежба, да вложи труд во облекувањето и да започне да се шминка за да не ја гледаат луѓето на таков начин. Токму ова ја инспирираше да продолжи со оваа серија на фотографии, но овој пат документираше рекации на сосема непознати луѓе додека таа правеше она што Интернетот го побара од неа. Додека Хејли се обидуваше да ги исполни критериумите на другите, реакциите биле сè уште истите.Фотографката која имаше нарушување во исхраната и страдаше од хипотироидизам, тврди дека таа не се грижи што мислат луѓето за неа и дека овој проект не е наменет за луѓето да се чувствуваат лошо. “Не го правам ова бидејќи сум бесна. Ова го сметам за социјален експеримент, не е ова момент на “те фатив!”.
Фотографиите предизвикаа контроверзии во јавноста, со оглед на тоа дека нè сите ја поддржуваат теоријата на фотографката. Никој не може со сигурност да процени дали погледите на непознатите луѓе се исмејувачки или осудувачки. Според многу коментари, непознатите лица кои гледаат во нас додека се фотографираме можеби се само радознали за фотоапаратот или за нешто специфично, а не дека се работи за негативен поглед.