Хрват си го продавал 5 годишното дете на интернет за 270 евра
Филмска акција се одвивала во Хрватска кога на еден портал е објавен оглас дека таткото го продава своето петгодишно дете за 270 евра. Со огласот била објавена и фотографија од детето.
Во домот на таткото во едно подравско село влегле припадници на полицијата и тим од Центарот за социјални работи, пренесуваат хрватските медиуми. Полицијата за огласот ја известиле администраторите на огласникот по што следувала акцијата.
Од Центарот за социјална работа информирале дека е поведена судска постапка против таткото. Тој бил приведен, а детето било сместено во друго семејство. Таткото добил кривична пријава за трговија со луѓе и повреда на правата на детето.
Тој се бранел дека фотографијата и огласот ги поставил случајно и дека немал намера да си го продаде детето.
Серискиот убиец се фалел: Има уште убиени, бројката е со три цифри