Др.Искра Петровска Шешова – Фактори кои го предизвикуваат стареењето на кожата и превенција и нега на истата

Стареењето е нормален физиолошки процес предизвикан од внатрешни и надворешни фактори. На внатрешните фактори неможеме да дејствуваме тие се генетски предиспонирани. Затоа стареењето на кожата кај секој е различно. Ние можеме на дејствуваме на надворешните фактори како што се  прекумерно изложување на сонце, неправилна исхрана, загаден воздух, пушење, нездрав начин на живот и несоодветна нега.

 Кожата како видлив орган е прва која на визуелен начин ни ги покажува првите знаци на стареење. Посебно лицето, вратот и рацете се видливи делови каде што можеме да ги видиме тие  знаци на стареење.

 Се почнува од ефектот на гравитација,  губиток на коскено ткиво  (ресорпција) и редистрибуција (прераспределба )  на масно ткиво, кои на кожата и даваат изглед на опуштена кожа, која виси и го губи еластицитетот и свежината.

Морфолошките процеси на стареење  на кожата се распределени по различни делови на лицевата регија. Тоа се три дела горен дел (чело со веги) среден дел на лицева регија со образи уста и нос, и долен дел брада и врат. На ниво на слоеви на кожа, случувањата почнуваат од површинскиот слој, тој процес на обновување на кожните клетки ( кератиноците ) кој се одвива во период од 28 дена тука е одложен.

Кожата се истенчува и е подложна на сувост и губиток на цврстина, еластичност, тонус и волумен. Промените се случуваат и во делот на дермисот каде се проретчуваат фибринските влакна кои имаат важна улога во продукција на нов колаген и еластин. Се намалува синтезата на создавање на нов колаген и еластин, и на тој начин кожата станува помалку еластична, го губи тонусот и свежината .

Кои се знаците на стареење на кожата .

Појава на ситни брчки, појава на пигментни флеки,  опуштена  кожа со намален еластицитет и волумен, тонус, сува и тенка кожа.

Целиот тој процес можеме да го забавиме со добра превенција  како надворешно така и внатрешно.

Превентивни мерки за спречување на стареење на кожата.

1 .Заштита од сонце со користење на креми, лосиони кои содржат висок заштитен фактор. Се препорачува медицинската козметика.

2.Контрола на фасцијалната експресија и мускулна активност со цел да се спречи создавање на перманентни брчки .

3.Хранете се здраво и користете избалансирана храна збогатена со зеленчук и овошје.

4.Редовно вежбање ја подобрува циркулацијата на целото тело вклучувајки ја и кожата  при што  подобрува целиот имунолошки систем.

5.Редовно чистете ја вашата кожа од шминка

6.Редовно користете креми за хидратација на кожата.

7.Внесувајте повеќе течности посебно вода

8. Здрав сон е еден од важните фактори за превенција од стареење (Beauty sleep)

9.Да се намали внесувањето  на алкохолни пијалоци

Од особена важност да се консултирате со вашиот дерматолог  со цел да ви препорача што навистина и е потребно на вашата кожа.

Инаку во препаратите за нега на кожа од особена важност се следниве супстанции кои треба да се присутни  како што се витаминот А ( антиоксидант )  ,Q ензимот ,хијалуронската киселина(хидратација и стимулира создавање на нов колаген и еластин )  ,витамин Е ,пептиди ( подобра хидратација на кожата ) ,церамиди , Витамин К ,Витамин Ц  и друго .

Освен соодветна нега од особена важност се и третмани кои ќе го помогнат и забават процесот на стареење на кожата .Тоа се третмани со дермoaбразија кои овозможуваат лесен механички пилинг ,потоа хемиски пилинзи со хемиски супстанции ,филери пополнувачи кои ќе го надокнадат изгубениот волумен и тонус  , ботокс кој дејствува на мускулната релаксација и ги отсранува брчките  , мезотераписки третмани , третманите со ултразвучна технологија ,ласерски третмани кои дејствуваат стимулативно за создавање на нов колаген и еластин . Соодветна нега која најчесто би била медицинска дерматолошка козметика  и соодветни третмани ќе ни овозможат да го забавиме процесот на стареење и да го задржиме младешкиот изглед и свежина на нашата кожа .

Никогаш не е касно да почнеш да се грижиш да ја негуваш кожата дека подоцна во животот ќе го имаш бенефитот од  истата таа нега

Др.Искра Петровска Шешова

Специјалист Дерматовенеролог

Дерматолошко Естетска Ординација Др Искра

Translate »