Скопје ќе добие девојки во излог
На 16 декември, Скопје за првпат ќе добие девојки во излог, по примерот на некои светски градови. Станува збор за уметничката инсталација која ќе биде поставена од 17 до 22 часот на бул. Климент Охридски бр.48, излозите до клубот Вулкан – соопштија од граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работнички „Стар-стар“.
Предвидена е и пауза на инсталацијата од 19 до 20.
Ова е по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работнички.
„Скопје ред лајт дистрикт“ претставува уметничка инсталација со цел да го отслика шармот на улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Скопје за првпат ќе добие девојки на излог„ велат од граѓанската иницијатива, „Стар-стар“ кој во во соработка со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ќе го организира „Скопје ред лајт дистрикт“.
Следниот ден пак, недела, на 17 декември, ќе се одржи Марш на црвените чадори со почеток во 12 часот на улица Македонија.
„ По десетти јубилеен пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилство врз сексуалните работници. По тој повод сексуалните работници заедно со своите поддржувачи ќе маршираат на улица Македонија во Скопје за гласно да испратат порака: СТОП на насилството врз сексуалните работници!“, велат од „Стар-стар“ .