Скопје нема клима, инфраструктура, ниту пак капацитет да поднесе голем метеж и високи градби
Истражувањата стари 30 години укажуваат на тоа дека главниот град воопшто нема клима, инфраструктура, ниту пак капацитет да поднесе голем метеж и високи градби, вели универзитетскиот професор Илија Ацески.
Според него – Парковско решение е иделно за паркингот карши ГТЦ. Градот е жив организам кој мора да дише. Единствен простор кој остана како мала надеж за спас на градот е овој паркинг. Ацески е дециден- Без разлика што и со колкава катност ќе се гради, ако се уништи и ова земјиште ќе се влоши и сосотојбата на загадувањето.
Ацески е песимист дека невалдиниот сектор ќе има моќ да влијае на некакви промени. На крајот вели тој, се е оставено на совеста на архитектите и градските власти. Дали е поважен профитот или јавното добро на граѓаните.
По комлетирањето на градежната парцела, единствена надеж на неа да не се градат висококатници сега е во измени на Генералниот урбнаистички план кој е во надлежност на Град Сkопје.. Но, засега таква иницијатива нема.
Иницијатива на „Слободен печат“: Вака треба да изгледа просторот пред „Холидеј Ин“!