Водата во која сте ги вареле тестенините ја истурате во садопер? Не правете го веќе тоа!
Најчесто откако ќе ги свариме шпагетите, макароните или лазањите ја фрламе зовриената вода во лавабото. Но, врвните мајстори на кујната велат дека тоа е голема грешка.
Тие оваа вода ја нарекуваат ” златна течност” и ја чуваат за правење на различни видови сосови. Водата во која сте ја готвеле тестенината ќе ги згусне сосовите и ќе им даде специфичен вкус. Затоа, следниот пат не ја фрлајте течноста, а ако не ја искористите веднаш, замрзнете ја за да ви се најде кога ќе подготвувате сос.