Поради влакно од косата на мајката, бебето за малку ќе останеше без прсти
Мајката Орла Фрејзер забележала дека нешто не е во ред со ногата на бебето кога ја менувала пелената. Двете прстиња на тримесечното девојче биле помодрени и потечени , стегнати со влакно од косата на мајката. Таа се обидела да го извади влакното, но без успех бидејки тоа влегло длабоко во кожата на детето. Мајката не чекала ниту момент, и тримесечното девојче го однела во болница во Единбург. Лекарот препишал локален антибиотик и ја упатил мајката на пластична хирургија.
На хирурзите им требале цели 45 минути за да го отстранат влакното кое цврсто се обвиткало околу прстот , речиси до самата коска.
Ваквите случаи иако се бизарни , не се ретки. Педијатрите предупредуваат мајките постојано да го проверуваат детето ако плаче без причина. Жените по породувањето , поради хормоните ја губат косата и вакви случаи се познати во лекарската пракса. Влакното кога е мокро е меко и може да се завитка околу детското прсте, но кога ќе се исуши се стврднува и ја засекува кожата. Во Кина е регистриран ист случај, кога поради влакно од косата на мајката , на детето морале да му го ампутираат ножното прсте.