Блогерка е напаѓачот со огнено оружје во седиштето на Јутјуб
Американските власти ја идентификуваа жената осомничена за пукањето во централата на ЈуТјуб во Сан Бруно во Калифорнија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.
Станува збор за блогерката Насим Агдам (39), која живеела во градот Риверсајд, а потоа во Сан Диего.
Жената познавала еден од ранетите во нападот. Станува збор за маж кој веројатно бил цел на нејзиниот напад. Тој е со прострелни рани и е во критична состојба во болница во Сан Франциско.
– Во седиштето на ЈуТјуб има напаѓач со огнено оружје кој пука. Сега сме забарикадирани во една канцеларија со колеги, наведе на Твитер вработен во компанијата.
Тамошните медиуми пренесоа дека жената се вика Насим Агдам (39), и дека нападот е последица на приватни несогласувања. Имено, една од жртвите, 36-годишен маж, наводно момче на блогерката.
Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија.
Жената била вооружена со пиштол и се самоубила.