Незадоволна работничка: Се плашиме и тие го знаат тоа

 

Кога го прочитав написот што го имавте објавено дека газдата треба да ни исплати надомест, јас ќе ви кажам дека ништо од тоа не ни се исплаќа. Кога си на боледување комисиско, те тераат да се одјавиш . Одете низ конфекциите во земјава па прашајте ги работничките дали се почитува законот. Им даваат K-15 па ги тераат да го вратат. Не ни дaваат ниту одмор.

Мене најмногу ме погодува тоа што немам душевен мир, ни прават тортура, ми се дерат и ми кажуваат дека сум неспособна. А не сум само јас, исто е и со колешките.
Ќе се собереме 5 колешки да застанеме заедно против нив, од колешките 3 се шпиуни. Пусти страв луѓето ги прави да бидат без достоинство. Сме ги пријавувале но џабе, треба да има само нови инспектори кои нема да бидат корумпирани и без најава ќе им отидат.
Претпоставениот ќе ми дојде над машина и ми се дере: Неспособна си! Ќе ти ги ја скратам платата …гуска глупава не ги заслужуваш парите! – едноставно  сее страв. Нема,  нема надеж дека ќе се смени нешто. Едноставно се плашиме и тие го знаат тоа, немаме избор. Ако не сработиме доволно часови нема да ја земеме целата плата од 12 000 денари.  А можеш да раниш семејство и да плаќаш сметки со толку пари, а озгора да се тресеш и дали ќе ја земеш цела, ако шефот станал на лева нога дента.  Сега детето требаше да оди на екскурзија не го пуштив со една плата сме пола за ексурзијата ќе требаше да ја дадам. Срце ми се кине коку тажно ми рече:,, Мамо до кога ќе немаме пари!-Ко божем ова е животна епизода што ќе мине. Му викам заврши школо и бегај од овде сине, а тоа е дете не му е јасно ништо, си има потреби.

Овој текст го напиша жена од внатрешноста на Македонија замоли да не го објавуваме нејзиното име и презиме.

5 Надоместоци што ви следуваат и газдата мора да ви ги исплати

 

 

Translate »