Анкета: Најлошо работи Министерството за здравство, а најдобро Министерството за надворешни

Најмногу граѓани сметаат дека Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, за труд и социјалa, најдбро си ја врши работата. Најлошо, пак, според граѓаните, работи Министерството за здравство, за правда, за внатрешни работи, за економија, и за култура.

Ова се податоците од анкетата на Телма и МЦМС за оценка на работата на владата.

Меѓу бројките што произлегоа од анкетата се и 60 отсто незадоволни од економскиот раст и вработеноста, 61 отсто незадоволни од минималната плата, 60.3 отсто незадоволни од борбата притв криминалот и корупцијата, 59 отсто од реформите во судството…

Анкетата за оценка на работата на владата предводена од Зоран Заев во изминатата една година е направена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.052 испитаници во периодот од 15 до 23 мај.

Translate »