Само една работа ги дели успешните од неуспешните луѓе
Успешните имаат речиси исти карактеристики , а Стив Сиболд кој е еден од нив, ги поминал изминативе три децении, истражувајќи ги разликите и квалитетите кои ги карактеризираат успешните и неуспешни луѓе. Во тркот на 30 години, тој интервјуирал над 1300 милионери, кои сами го создале своето богатство. Открил дека сите тие ментално се слични.
Сиболд и самиот е милијардер, бивш тренер и професионален играч на тенис.
Тој тврди дека се е во главата. Постојат два ментални склопа – едниот е обележан со страв и недостатоци, а другиот е позитивен и поттикнувачки. Според него, премногу луѓе живеат во страв , што не е одлика на успешните.
“Успешните луѓе бараат можности и веруваат дека можат да успеат, додека останатите се борат со стравот од немаштија и се фокусираат на тоа како да преживеат”, објаснува Сиболд.
Милијардерот Ричард Бренсон е добар пример за тоа. Неговата желба за трагање по нови нешта, по бројните неуспеси , го доведе , конечно, до успех.
Слично беше и со Стив Џобс, кој неколку месеци пред Епл да ја исфрли првата верзија на смарт телефонот во 2007 -та година, одлучил да воведе екран од стакло наместо пластичен , и тоа беше полн погодок.
Која е разликата меѓу успешните и неуспешните
Сиболд вели дека разликата во начинот на размислување е како приказната за различните градови или светови. Луѓето кои живеат еден до друг, всушност можат да живеат во сосем различни психолошки светови.
Сепак, секој под нас може да развива позитивен ментален склоп. Клучна е улогата има кругот на луѓето меѓу кои се движиме. Супер успешните луѓе најчесто се дружат меѓусебе, посетуваат исти места или живеат во исти делови на градот. Тие така си ја креваат самосвеста , додека просечните се движат во кругот на просечните и задржуваат низок ниво на самосвест.
Можно е да се поврзете со успешните луѓе , следејќи ги нивните YouTube видеа или читајќи ги нивните книги. Сиболд заклучува дека успехот се создава во нашиот начин на размислување и дека таму е коренот каде започнува секој успех.