(ВИДЕО) Во Врање невремето уништи мостови и патишта
Силно невреме го погоди српскиот град Врање и околината.
Водената стихија носеше патишта и мостови.
Најпогодени се селата Власе, Сикирје, Смиљевиќ, Добрејанце и Ушевце каде локалните власти ќе им доделат материјална помош на жителите.
Отсечени се две села поради силните поплави и наноси. Надојдената река Ветерница ги оштети мостовите, патиштата и селските имоти .
Луѓето во Врање велат дека вакво невреме немало 40 години.
Потоп имаше и во Краљево.