Сопругата на Балашевиќ го прослави 58-иот роденден, а во розев фустан изгледаше како девојка
Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ се во брак 35 години. Љубовта меѓу оваа двојка секогаш била голема, а се запознале за време на една телевизиска емисија, таа како спортистка, тој како познат кантавтор. Оттогаш се неразделни. Оливера сега наполни 58 години, а за роденденот позираше во розев фустан. Моментот го овековечи нејзината ќерка Јована.