Заразено дете во Хрватска, цела градинка во паника
Градските власти во Загреб соопштија дека со коронавирус е заразено дете кое одело во градинка.
„Потврдено е дека со вирусот е заразено едно дете од градинка во Загреб. Одлуката е донесена да се затвори објектот 14 дена, 119 деца да одат во самоизолација, како и 16 вработени. Родителите се информирани за мерките коишто треба да ги преземат“, се вели во соопштението.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека е јасно дека бројот на новозаразени во Хрватска ќе се зголеми во наредните денови.