Временска прогноза
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Поизразена нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, ќе има од четврток до сабота кога локално се можни и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.