MaxTV-телевизија број 1, прославуваме и подаруваме

loading...

  • Подарок HBO и SPORT HD пакет без надомест за сите приватни MaxTV корисници до 15 јануари следната година
  • Подарок 10 GB мобилен интернет за сите приватни постпејд корисници и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели

Семејството на најдобрата интерактивна телевизија во Македонија континуирано расте и  се зголемувa. Вкупно 135.000 семејства во Македонија ja одбраа MaxTV, со што потврдуваат дека е најпосакуваната телевизија во земјата. Оваа револуционерна услуга од самото воведување постави нови стандарди на ТВ пазарот, а низ годините Македонски Телеком постојано ја унапредуваше и подобруваше, согласно потребите и барањата на корисниците. Затоа, денес дури 40 отсто од семејствата ја преферираат MaxTV и е нивниот избор број 1.

Македонски Телеком бележи голем успех со дигиталната телевизија благодарение на корисниците кои што ги препознаа пред сè квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ искуство коешто го овозможува MaxTV услугата. Телеком го прославува овој успех обезбедувајќи им промотивни услуги за корисниците. Почнувајќи од денеска, корисниците можат да активираат HBO и Sport HD пакет, како и дополнителни 10 GB мобилен интернет, без надомест.

Сите приватни корисници на MaxTV можат да ги активираат HBO и Sport HD промотивните пакети преку Telekom MK апликацијата и да уживаат во ексклузивните филмски и спортски содржини бесплатно до средината на јануари, следната година.

Промотивниот месечен мобилен интернет од 10 GB е без надомест. Достапен е за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Приватните постпејд корисници можат да го активираат само преку мобилната апликација Telekom MK, а деловните корисници со јавување на 120, во промотивниот период, заклучно со 31.12.2019. Промотивниот интернет е со важност 30 дена од активирањето.

Повеќе информации за понудата можат да се добијат на следниов линк.

Translate »