Нов успех на млад македонски тенисер на европски тениски турнир во Битола
Максимилијан Алексовски, млад македонски тенисер забележа голем успех на европскиот тениски турнир за деца до 14 годишни кој изминативе денови се одржа во Битола. Во конкуренција на тенисери од цела Европа, македонскиот јуниор стигна до финалето каде по голема борба беше поразен од бугарскиот тенисер Александар Толев.
Алексовски на турнирот успешно настапуваше и во игра на двојки. Напорната работа и вложениот труд секогаш даваат резултат. Мкасимилијан напорно работи секој ден, и овој успех доаѓа очекувано, изјави неговиот тренер Андреја Исаиев од ТК АБЦ Скопје.
Според Горан Шевченко државен селектор на Тениската федерација на Македонија, овие резултати не се случајни. Ова е втор ваков успех за кратко време. Тенисот станува сè популарен спорт во Македонија, сè повеќе деца го играат и тоа дава резултат. Ние како Тениска федерација, ќе ги поддржиме сите оние кои имаат талент и потенцијал и кои во најдобро светло ја претставуваат нашата земја.