Го јакне имунитетот и ги топи килограмите: Пред спиење задолжително испијте го овој напиток
Доколку сакате да се ослободите од масните наслаги, важно е да ги промените лошите навики во начинот на исхраната и да се посветите на физичката активност.
Меѓутоа, постојат одредени намирници кои што се вистински покренувач на метаболизмот и кои што го забрзуваат процесот на слабеење.
Нутриционистите препорачуваат разни трикови кога станува збор за губење на вишокот килограми, а еден напиток зазема посебно место.
Станува збор за мешавина од мед, цимет и вода кој што се пие пред спиење за да се забрза метаболизмот.
Освен за слабеење, циметот и медот содржат многубројни хранливи состојки и за јакнење на имунитетот, го чуваат здравјето на срцето, успешно се борат против инфекции и се одлични антиоксиданси.
Напитокот се подготвува така што во 250 милилитри зовриена вода ќе ставите една лажица цимет и две лажици мед.
Половина од напитокот треба да го испиете половина час пред да си легнете да спиете, а половина наутро кога ќе се разбудите.
Истражувањата покажале дека континуираната употреба на циметот помага да се намалат воспаленијата, го регулираат стресот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта и го поттикнуваат процесот на губење на масните наслаги.
Овој напиток е здрав и е одличен во борбата против килограмите, но не заборавајте да ја редуцирате вашата исхрана и да вежбате напорно за резултатите да бидат повидливи.