Зошто мажите треба почесто да одат во сауна? И зошто сауната е најдобрата инвестиција на долг рок!
Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, одењето во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања.
Вообичаено, жените се тие кои почесто одат во сауна, отколку мажите. Но, според статистиките, мажите страдаат од висок крвен притисок повеќе од жените, а токму посетата на сауна го намалува притисокот.
До својата 22-ра година, на 15,5% од мажите во светот им е дијагностицирана хипертензија. Универзитетот Eastern Finland спроведе истражување во кое беа испитани 1620 мажи на средни години.
Сите имале притисок 140/90, што се смета за висок. Мажите биле поделени во 3 групи. Тие од првата група оделе во сауна еднаш неделно, од втората оделе 2-3 пати неделно и од третата – 4 пати неделно.
Кај мажите кои оделе во сауна 2-3- пати неделно, ризикот од срцеви заболувања се намалил за 24%, додека кај оние кои оделе 4 пати неделно, тој ризик се намалил за 46%.
Додека престојуваме во сауна, температурата се зголемува за 2 степени и доаѓа до ширење на крвните садови.
Престојот во сауна ја подобрува функцијата на крвните садови, што понатаму позитивно влијае на крвниот притисок.
Крвниот притисок се намалува додека сме во сауна и поради тоа што телото е релаксирано.
Одењето во сауна има и други придобивки за мажите: ја намалува болката во мускулите предизвикана од вежбање или тешка физичка работа, ги обновува клетките во мозокот, го намалува високото ниво на холестерол
Момци, причините што ги набројавме се доволни за да почнете да посетувате сауна уште веднаш.