Петар Богојоски до Каракачанов: Вашата Бугарија е како крава која дава млеко и на крај ќе го клоцне, ајде на дуел да видиме кој краде историја
Петар Богојоски, лидерот на Македонски концепт го повикува на дуел бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, на кој како историчари ќе разговараат кој краде историја и чии јазик е постар.„Ајде на дуел?!? Господин Красимир Каракачанов, Вашата Бугарија е како крава која дава, дава млеко и на крај ќе го клоцне! Така сега правите со ова Вашево смешно вето! Џабе први признавте независност, џабе први ретификувавте НАТО договор, џабе дадовте тенкови, џабе помогнавте со грчката блокада… се џабе, кога на крај, се ќе клоцнете со едно вето!“Натаму, додава Богојоски, „јас и Вие сме историчари, по дел од нашето образование! Ајде на дуел? Јавно!“, пишува лидерот на Македонски концепт,и додава:
„Да видиме кој краде историја?
Да видиме кој јазик е постар, македонскиот или бугарскиот?!?
Ајде еднаш за секогаш да се расчистиме, за раат да бидат младите Македонци и Бугари и од мене и од тебе?!?
Ве молам немојте на нас со приказната “коминетрна”, зашто Вие цел живот и служите на Коминтерната и работите за болшевизмот!
Нема потреба од “доказателства” нели?!?“, напиша Петар Богојоски на својот фејсбук профил.